Едно лице загина, а повеќе од 50 се повредени во силна експлозија во трговскиот центар Сурмал во Ереван, соопшти денеска ерменското Министерство за вонредни ситуации, а пренесува агенцијата „РИА Новости“.

Според првичните информации, пожарот избувнал во магацин на пиротехнички средства.

На терен се пожарникари и спасувачки екипи.

Како што рече Арсен Гаспаријан, директор на спасувачката служба на ерменското Министерство за вонредни ситуации, напорите за гаснење на пожарот се комплицирани со континуирани експлозии.

– Ситуацијата е доста тешка. Продолжуваат операциите за гаснење и спасување. Сè уште се слушаат експлозии и тоа ги попречува нашите напори. Мислам дека ќе биде потребно многу време за да се изгасне пожарот – рекол Гаспарјан, а пренесува агенцијата „ТАСС“.

By Author