Времетово кое живееме често се претставува како ново, како време во кое старите облици на живеење и традиционалните вредности треба да се заменат со нови. Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението. Евангелските вредности и Светиклиментовото наследство, втемелено врз нив, имаат непроменливо и универзално значење, не поради нивната древност сама по себе, туку затоа што ни даваат предвкус за идниот век, приведувајќи нè кон заедницата со воскреснатиот и прославениот Син Божји, Кој ја обнови човечката природа и ја избави од распадливоста и од смртта. Ова, меѓу другото се истакнува во Велигденското послание на поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Г.Г. Стефан.
Г.Г. Стефан се осврна и на ситуацијата во нашава земја односот кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата, додаде.
“Затоа, да Го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во Татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста”. – порача Архиепископот Стефан.
Фото: Миа