Бизарен „лајв“ на руски блогер санкциониран од социјална мрежа.

Кога русите сакаат да си поигруваат со нервите на западот. Додека цела Европа се бори со недостиг на гас и секојдневно покачување на цената во Русија гасот скоро да е па џабе и се троши ненаменски.

Американската компанија „Твич“ ја блокираше сметката на руски блогер кој преку својата платформа за видео преноси во живо ја пренесуваше работата на неговиот шпорет на гас во текот на целиот ден со цената на плинот што ја плаќа на месечно ниво – само 1,44 евра – заедно со порака: „Од Русија со љубов“.

Неговиот профил беше блокиран по цели два дена работа. Меѓутоа, наместо профил рускигас1, сега на платформата има профил рускигас2, која ја пренесува истата содржина.

By Author