Претходно, членовите на претседателската гарда ја блокираа претседателската палата во главниот град на земјата, Ниамеј

Армијата на Нигер тврди дека го соборила претседателот Мохамед Базум, пренесува Ројтерс.

За време на обраќањето на националната телевизија, армијата соопшти дека претседателот Базум е сменет и дека границите се затворени, наведува агенцијата.

Читајќи ја изјавата, полковникот Амаду Абдрамане, придружуван од девет други униформирани офицери, рече дека одбранбените и безбедносните сили одлучиле „да стават крај на режимот што го знаете поради влошената безбедносна ситуација и лошото управување“.

Воведен е и полициски час.

Претходно, членови на претседателската гарда ја блокираа претседателската палата во главниот град на земјата, Ниамеј.

Канцеларијата на Базум соопшти дека армијата на земјата не го поддржала антидржавниот бунт на голем број војници и им дал „ултиматум“.

Како што претходно објави порталот Jeune Afrique, наводната причина за бунтот била намерата на Базум да го отстрани командантот на претседателската гарда, генералот Омар Чиани. Порталот објави за преговорите за спречување на судири меѓу воената гарда и остатокот од армијата. Телевизискиот канал Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори, објави дека претседателот го одбил барањето на бунтовниците да потпише писмо за оставка.

By Author