Шеснаесетти ден од конфликтот меѓу израелската армија и Хамас. Израел ги засили нападите за да се подготви за следната фаза од војната и да ја намали заканата за војската.
Првата хуманитарна помош за Појасот Газа пристигна од Египет. Конвојот за прва помош е далеку од доволен, состојбата е алармантна, децата умираат, известуваат од ОН. Две Американки беа ослободени од заробеништво на Хамас. Во Каиро се одржа мировен самит на кој арапските лидери го осудија израелското бомбардирање на Појасот Газа и побараа обновени напори за мировно решение.
Нов, втор конвој хуманитарна помош
Пристигна 17 камиони денеска на египетската страна на граничниот премин Рафах, соопштија безбедносни и хуманитарни извори, пренесува Ројтерс.
Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа вчера во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет.
Конвој од 20 камиони со храна, вода, лекови, медицинска опрема влезе од Египет, преку преминот Рафах, кој за кратко време повторно беше блокиран.
Израел не дозволува помош со гориво за Газа, па палестинското Министерство за здравство предупреди дека тоа ќе ги доведе во опасност животите на болните и ранетите.
„Кој не се евакуира, ќе го сметаме за терорист“
Палестинците рекоа дека добиле нови предупредувања од израелската војска да се преселат од северниот дел на Газа на југот на Појасот – во спротивно тие би можеле да бидат идентификувани како симпатизери на терористичката организација.
Ројтерс објави дека пораката била доставена на флаери со името и логото на израелските одбранбени сили и испратена до луѓето преку аудио пораки на мобилни телефони низ Појасот Газа.
Хезболах се заканува дека Израел ќе плати висока цена во случај на копнена офанзива
Висок функционер на Хезболах се закани дека Израел ќе плати висока цена секогаш кога ќе започне копнена офанзива во Појасот Газа и рече дека неговата милитантна група со седиште во Либан е веќе „во срцето на битката“.
САД испраќаат системи за ракетна одбрана на Блискиот Исток
Пентагон најавува дека ќе го испрати системот за одбрана на голема височина (THAAD) на Блискиот Исток, заедно со дополнителни баталјони на противвоздушниот ракетен систем Патриот.