Volkswagen не изненади сите кога минатата недела го претстави Golf R 333 со астрономска цена од 76.410 евра. Почетната цена беше исклучително висока, особено ако се земе предвид дека 20 Years Edition со иста моќност на моторот лани беше достапен за помалку од 60 илјади евра. Сепак, високата цена не го спречи Volkswagen за рекордно време да го распродаде новото специјално издание.

Овој потфат беше најавен на LinkedIn од Стефан Восвинкел, шеф за комуникација со производи во Volkswagen. Многумина се во шок, бидејќи за овие пари во Германија можете да купите Audi RS3 Sportback и да заштедите 10 илјади евра. Дополнително, можно е да се купи и Porsche 718 Cayman S, но 333 љубители на Volkswagen Golf не се двоумеле кога се појавило ова специјално издание.

Според Восвинкел, VW Golf R 333 бил распродаден за само осум минути или 480 секунди. За потсетување, Golf R 333 има металик боја Lime Yellow со контрастни црни детали, а за дополнително да се нагласи ексклузивноста на овој модел, секој Golf R 333 има ознака на совозачката страна на кабината која го покажува бројот на примероци.

Акраповиќ го потпишува издувниот систем R Performance, а перформансите се малку подобрени. Golf R 333 има електронски ограничена максимална брзина од 270 km/h, а од 0 до 100 km/h забрзува за 4,6 секунди, што е за една десетина побрзо од стандардниот Golf R.

By Author