Доаѓаат големи промени.
Младата месечина, таа носи свежа и нова енергија, ни се отвораат посебни перспективи и можности за постигнување цели. Време е за планирање големи чекори, време е за големи и важни одлуки. Младата месечина ќе има најголемо влијание врз три знаци на Зодијакот од 30 мај.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекуваат многу заклучоци и нови почетоци.
Можеби на работа конечно ќе завршите проекти кои долго време сакавте да ги завршите или ќе успеете да ги решите напнатите проблеми кои долго време ви се вртат низ глава.
Иако ќе се чувствувате обземени од сите промени, не заборавајте да се опуштите.
Немате за што да се грижите, на крајот се ќе биде добро!
Време е да се ослободите од целиот стрес и траума.
ДЕВИЦА
Во овој период ќе можете повеќе да размислувате за смислата на животот и за вашите вредности.
Кои се вашите најголеми учители во животот? Време е да размислите за вашиот однос со властите.
Исто така, ова е периодот кога треба да размислите за промена на кариерата.
Прегледајте ги своите цели што си ги поставивте во минатото и размислете дали можеби е време малку да ги промените.
Направете нов план како да го постигнете она што го посакувате и преземете акција.
БИК
Ќе имате особено голема потреба да ги искажувате своите мислења и чувства.
Само внимавајте бидејќи се уште сме во време на ретрограден Меркур, кој може да донесе многу компликации во комуникацијата.
Иако сакате да ја кажете вистината, не заборавајте да ги искажете своите ставови со почит.
Иако по природа сте импулсивни, овојпат размислете добро пред да кажете било што.
Многу работи можат да се случат и во врска со вашето семејство.
Можеби е време да одлучите нешто за вашите родители или браќа и сестри.