На 06.06.2021 околу 19.35 часот на улица „113“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.О. од тетовски Пирок затоа што при преглед кај него биле пронајдени хероин и марихуана.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.
На 06.06.2021 во 19.05 часот во близина на автобуската станица во Ресен, полициски службеници ја лишиле од слобода Џ.М.(21) од Битола затоа што при преглед кај неа била пронајдена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.06.2021 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени седум возачи (ТЕ-5 и ГВ-2) кои управувале возила под јдество на алкохол и биле исклучени од сообраќај и времено им биле одземени возачките дозволи. Во акциската контрола биле откриени и санкционирани и 31 други видови прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-10).
На 06.06.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 100 мерки, меѓу кои 69 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 8 за управување возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за непрописно престигнување и 4 за некористење сигурносен појас.
На 06.06.2021 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 12 прекршоци, од кои, седум во Велес, четири во Кавадарци и еден во Неготино кои се соодветно санкционирани.
На 06.06.2021 на подрачјето на СВР Охрид биле преземени засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила по дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид-03, Струга-03). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 09 возачи кои во населено место управувале моторно возило со поголема брзина од пропишаната. За сите прекршоци поднесени се соодветни пријави.
Изминатите три дена, 4,5 и 6 јуни, на подрачјето на СВР Тетово биле откриени 331 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-210 и ГВ-121) и 57 во населено место (ТЕ). Четириесет од овие пречекорувања надвор од населено место биле за повеќе од 70 километри на час, 187 од 50 до 70 километри и така натаму, додека во населено место најголемиот број од пречекорувањата биле за 30 до 50 километри на час. при контролите, исто така, биле откриени и санкционирани и 17 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-12 ).
На 06.06.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 57 мерки по акциската контрола, а биле откриени и 16 останати прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
Од 00.00 часот до 04.00 часот (07.06.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (06/07.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 113 прекршоци.
На 06.06.2021 во 12.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот Пробиштип- Штип, кај с.Крупиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од Пробиштип и патничко моторно возило „фиат панда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(70) од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Р.(68) од возилото „фиат панда“, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.
На 06.06.2021 во 02.40 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Е.В.(29) од Р.Албанија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Лицето било предадено и задржано во Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.
На 06.06.2021 во 23.45 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле E.М.(33) од Р.Албанија бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил патна исправа на друго лице од Р.Албанија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 06.06.2021 во 08.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.В.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.