Втората по големина банка во Европа, британската „HSBC“, ја продава малопродажбата на „My Money Group“ во Франција, поддржана од американската фирма за приватни капитали „Cerberus“, пренесува “Reuters“.

Покрај договорот, „HSBC“ направи уште еден важен чекор во поширокото повлекување од бавно растечките пазари во Европа и Северна Америка каде се бори со поголеми домашни играчи.

Во меѓувреме, Серберус продолжува да ги презема банките во Европа, каде што американскиот фонд за приватни капитал веќе има удели во „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“.

Според договорот, „ My Money Group “ ќе се здобијат со 244 филијали на „ HSBC “, околу 3.900 вработени и средства од 24 милијарди евра.

Продажната цена би била номинално едно евро, соопшти, „HSBC“  додавајќи дека зделката ќе има нето вредност од две милијарди долари за време на зделката, а британската банка се согласи да надомести каков било недостаток во проценката.

By Admin