Научниците го истражувале овој вообичаен феномен и дошле до изненадувачки заклучоци

Секој барем еднаш доживеал дежаву, односно чувство дека одредена ситуација веќе се случила во минатото. Научниците го истражувале овој феномен, но не биле во можност целосно да го објаснат. Затоа постојат многу теории и објаснувања за причината за оваа појава.

Најчесто, дежавуто се поврзува со одредено место кое ни изгледа познато, и покрај тоа што никогаш претходно не сме биле таму, вели истражувачот Крис Мулен, кој го проучува феноменот на дежа ву.

Дежа ву или дежа ви е израз кој потекнува од францускиот јазик и значи „веќе виден“.

Зошто се случува ова?
Научниците го објаснуваат дежа вуто како феномен кој е резултат на екстремна реакција на системот за меморија на мозокот и мноштво познати предмети, само распоредени и наместени поинаку. Некои експерти веруваат дека овој феномен е само привремено нарушување на хипокампусот, дел од мозокот кој игра важна улога во спојувањето на информациите од краткорочната во долгорочната меморија и кој игра важна улога во формирањето на нови сеќавања.

Некои научници веруваат дека постои врска помеѓу овој феномен и некои болести. На пример, една жена со години доживувала дежа ву, по што и била дијагностицирана епилепсија.

Некои го поврзуваат овој феномен со шизофренија, анксиозност и нарушувања на идентитетот. Но, ништо од тоа не е целосно докажано и потврдено.

Дежа ву почесто се јавува кај луѓе кои се под стрес или вознемирени. Луѓето кои се под притисок, напнати и имаат тешки работни места имаат поголема веројатност да пријават дека доживеале дежа ву. Ако и вие припаѓате на оваа толпа, добро одморете се, одете на масажа или опуштете се на друг начин.

By Author