Норвежанецот Оле Гунар Ссолскјер и официјално е отпуштен и повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, објави клубот.
После низата од неуспеси и само три победи на последните десет натпревари, отказот се чинеше неминовно решение. Капката која ја прели чашата беше поразот од Вотфорд 4:1во саботата, со што Јунајтед падна на седмото место во лигата.
“Манчестер јунајтед потврдува дека Оле Гунар Солскјер ја напуштил улогата на менаџер. Фала за се Оле”, стои во официјалното соопштение на Јунајтед објавено на друштвените мрежи.
Норвежанецот се состанал со челниците и сопствениците на клубот, а отказот е епилог на договор.
Во наредниот период екипата ќе ја води некогашниот играч на Манчестер јунајтед и англиски репрезентативец Мајкл Керик.
Оле на клупата на Олд Трафорд седна на крајот на 2018. кога беше отпуштен дотогашниот менаџер Жозе Мурињо. Отпочеток служеше како замена и привремен менаџер, но добро се покажа па му е пружена шанса.
Со Јунајтед минатата година стигна до финалето на Лига Европа, а”црвените ѓаволи” изминатите две години беа трети, односно втори во Премиер лигата.
Оваа сезона”црвените ѓаволи” доживеаа дебакл во неколку наврати во Премиер лигата.