Денес е 82 ден од војната во Украина

Украина: Русија продолжува да таргетира цивилна и воена инфраструктура

Русија нападна позиции во источна Украина во обид да ги опколи украинските сили во Донбас и да одбие контраофанзива околу Изиум, јавува Ројтерс.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили не ги прекинуваат офанзивните операции во источната оперативна зона.

„Руската авијација гаѓаше цивилна и воена инфраструктура на исток и индустриски капацитети во длабочините на територијата на Украина“, пишува „Укринформ“.

Како што се додава, во овој град Русија со ракети ги погодила украинските позиции. Работната група на Обединетите сили на Украина објави дека нејзините војници во неделата одбиле 17 напади и уништиле 11 парчиња руска опрема.
Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека украинските сили собориле два хеликоптери, две крстаречки ракети и седум беспилотни летала.

Институтот за војна објави нова анализа: Зачудувачки пораз на Русија
Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина, која покажува дека на руската армија ѝ недостига тактичко размислување при обидот да ја премине реката, бидејќи речиси сите припадници на руската бригада која ја започна оваа офанзива загинале за време на овој напад.
Исто така, сателитски снимки покажуваат уништени руски возила собрани на двата краја на уништениот мост.

НАТО: Русија не оди според планот
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг тврди дека Русија не оди според планот и дека нивниот обид да го заземат Донбас е „закочен“.

Столтенберг, исто така, рече дека Украина може да излезе како победник од конфликтот.

Нов извештај на британското разузнавање: Лукашенко распоредува специјални сили
Британското Министерство за одбрана известува за зголемување на активноста меѓу белоруските вооружени сили.

Во својот дневен извештај за разузнавање, министерството соопшти дека рускиот сојузник Белорусија „најави распоредување на сили за специјални операции долж границата со Украина, како и единици за воздушна одбрана, тешка артилерија и проектили на полигоните за обука на западот на земјата“.

By Author