Украинските претставници на Евровизија, кои годинава победија во финалето, на прес-конференција велат дека нивната песна се слушала и пред војната.

Украина победи на натпреварот, а членовите на нивната делегација дадоа изјави за медиумите.

Оркестарот Калуш победи на Евровизија со песната „Стефанија“.

„Нашата песна беше многу добро слушана уште пред Русија да ја нападне Украина. Секако дека победата е многу важна за Украина оваа година поради се што ни се случува“, велат тие, одговарајќи на прашањето дали сметаат дека победиле само поради политичка ситуација во која се наоѓа нивната земја.

Тие рекоа и дека се уште не добиле повик од украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Тој е зафатен. Но, ние ќе бидеме среќни да бидеме домаќини на Европа во нова, среќна Украина следната година“, велат тие.

By Author