Погребот на Ширин Абу Аклех, новинарка на Ал Џезира, која беше убиена додека известуваше на Западниот Брег, започна во нејзиниот роден град Ерусалим. Сепак, пријавени се многу судири, при што неколку луѓе се повредени.
Израелската армија соопшти дека нејзините сили спроведуваат антитерористички активности на периферијата на Џенин, а неименувани очевидци изјавија дека израелските сили испукале проектил кон куќата во која се криеле наводните терористи, пренесува Ројтерс.
Се стравува дека смртта на Абу Акла ќе долее масло на огнот на растечкиот конфликт меѓу Израелците и Палестинците, а се проценува дека на нејзиниот погреб во Стариот град во Ерусалим денеска ќе присуствуваат илјадници луѓе, наведува британската агенција.
Новинарот на Ал Џезира Имран Кан рече дека израелските сили ги тепале присутните затоа што не сакале да одат со ковчегот.
„Имаше буткање меѓу израелската армија и луѓето кои сакаа да го пренесат телото на Ширин во црквата“, рече тој.