Голема експлозија уништи неколку ката од хотел во кубанската престолнина Хавана.

Кубанските служби за итни случаи трагаат по преживеани меѓу урнатините на хотел во Хавана, главниот град на Куба. Во хотелот Саратога се случила експлозија, а се претпоставува дека причината е истекување на гас, соопштија кубанските власти. Осум лица загинаа, а 30 се повредени. Хотелот Саратога се наоѓа во центарот на Хавана, а силната експлозија уништи автобуси и автомобили паркирани пред хотелот. Кубанската полиција и пожарникарите трагаат по преживеани.

https://twitter.com/Fxhedgers/status/1522609823434428416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522609823434428416%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fcetvoro-mrtvih-posle-eksplozije-u-havani-curenje-plina-verovatno-uzrok%2F

Во реонот бил забележан звук налик на бомба, а повредените биле видени пред хотелот.

„Според последните податоци осум лица загинаа, а околу 30 се префрлени во болница. „Акцијата за дарување крв е во тек“, објави кубанската влада на својот Твитер профил, пренесе ТАС С.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли можноста за експлозија на бомба и рече дека експлозијата во хотелот Саратога била предизвикана од истекување на гас.
Исто така, владини претставници наведуваат дека 13 лица се сметаат за исчезнати.

Гардијан јавува дека се повредени 30 лица. Наскоро се очекува да пристигне кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

By Author