Полека умира оној што не патува, оној што не чита, оној што не слуша музика, оној што не наоѓа задоволство во себе… П. Неруда
ОВЕН
Работа: По невешт почеток, работите полека се враќаат во нормала и колку што е можно, освен што тоа навистина нема да ве направи среќни. Обидете се да ја намалите импулсивноста.
Љубов: И оваа среда носи релативно поволни околности за да поминете многу време во квалитетно дружење и заеднички активности со саканата личност.
Здравје: Зголемен стрес.
БИК
Работа: Ништо нема да оди мазно денеска кога се во прашање деловните зделки. Затоа, дури и најтипичните претставници на Биковите мора да бидат флексибилни, доколку сакаат крајот на работниот ден да го дочекаат барем на позитивна нула.
Љубов: Понекогаш е неопходно да се направат компромиси во љубовната сфера. Оваа среда не е таков ден, пологично е да бидете коректни, но непоколебливи во односот.
Здравје: Психофизички замор.
БЛИЗНАЦИ
Работа: На Близнаците им претстои солиден работен ден да ја завршат започнатата работа, и да склучат добар и поволен договор за следните професионални предизвици.
Љубов: Денес е многу важно отворено да разговарате со драга личност и без никакво двоумење, обидете се со заеднички сили да ги решите потенцијалните недоразбирања.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Ракови не подлегнувајте на импулсивни одлуки, бидете прибрани и смирени, но знајте што сакате и која е вашата цел и не се откажувајте.
Љубов: Оваа среда не е најповолна за долги разговори и објаснувања во љубовната сфера. Движете ги работите во поинаква, позитивна насока.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Периодот е добар да ги прегледате вашите планови, да направите некои корекции и во основа да направите се што зависи од вас во однос на некои важни договори и деловни проекти.
Љубов: Нема причина за билокакво чекање кога станува збор за важни одлуки во областа на љубовта. Доколку добро сте провериле, денес е добар ден да ги откриете.
Здравје: Намален имунитет.
ДЕВИЦА
Работа: Има многу идеи и планови за овој работен ден во главите на типичните Девици. Бидете задоволни ако успеете да реализирате барем половина, останатите нека почекаат, дефинитивно ќе имате поповолен период.
Љубов: На полето на љубовните врски денеска очекувајте многу отворени врати зад кои ве очекуваат убави задоволства и некои пријатни изненадувања. Многу зависи од вашето расположение.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Некои можности што мислевте дека сте ги пропуштиле би можеле повторно да бидат пуштени во употреба. Подобро доцна отколку никогаш.
Љубов: Некои од пропустите од претходниот период денеска би можеле успешно да се поправат на обострано задоволство.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Солиден работен ден е пред Шкорпиите. Потпрете се на сопственото искуство и квалитети и ќе можете се да организирате на свој начин.
Љубов: На љубовен план имате многу на ум. Не држете се само до идеите и мислите.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Може да очекувате нова деловна понуда или да склучите добра зделка која долго време ја посакувате. Само напред.
Љубов: Најпрво треба да се посветите на барање начин да се откупите кај вашата сакана за неисполнети љубовни ветувања дадени во блиското минато.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Ќе ви треба трпение за да ги средите сите ситуации, но и да поправите некои грешки кои лично сте ги направиле набрзина.
Љубов: Време е посериозно да ги сфатите тешкотиите или можните проблеми кои ја оптоваруваат вашата врска. Игнорирањето не е добро решение.
Здравје: Бидете физички поактивни.
ВОДОЛИЈА
Работа: И денес повремено може да дојде до недоразбирања со соработниците и претпоставените, па советот е да не реагирате импулсивно, туку да оставите работите да си тргнат по својот пат и тензиите да стивнат.
Љубов: Потрудете се тензиите од деловното поле да не ги пренесувате на љубовната сфера, нема потреба да им го расипувате расположението на другите.
Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.
РИБИ
Работа: вложена многу енергија за релативно скромни деловни резултати. Тоа може да биде крајниот резултат на овој работен ден за повеќето Риби.
Љубов: За чувство на задоволство на полето на љубовните врски, денес со ваш такт ќе ви треба разбирање и поддршка да сакаш некоја личност.
Здравје: Можни вирусни и бактериски инфекции.