Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на седницата одржана на 03.05.2022 година донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во односна одлуката од 28.04.2022 година.

Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за два денари за литар, а на дизелот за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 52,294 (денари/килограм)

By Author