мвр алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон.
Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 санкции за управување под дејство алкохол, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author