Првомајски викенд, кој годинава продолжува со празникот Рамазан Бајрам повторно го наполни Охрид.

– Има гости, мислам дека хотелите се исполнети повеќе од Велигденските празници. Очекуваме 60 до 70 посто исполнетост на хотелите сега, додека за Велигден капацитетите беа окоу 50 отсто исполнети, изјави Блажеск – првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, .

Голема е исполнетоста и во приватното сместување. Единствена пречка, како што посочи Блажески, е временската прогноза, и поради најавените дождови имале доста откажувања.

– Почнаа грчки автобуси да доаѓаат, по некоја турска и бугарска група. Тоа е показател дека државите околу нас се присутни тука и со нив ќе можеме да се извлекуваме во сезоната, заклучи Блажески.

Раздвиженоста низ охридската чаршија поради облачното време и не е така голема, за разлика од соседна Струга, каде во голем број се вратени печалбарите за прослава на рамазанските празници.

By Author