Лоши вести за Германецот
Прославениот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ е осуден на две и пол години затвор.
Причина е прикривањето имот и кредити во вкупна вредност од 2,5 милиони фунти.
Бекер беше прогласен за виновен по четири точки од Законот за несолвентност, иако тој негираше дека го прекршил законот.
Легендарниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година, а во четвртокот се прости од семејството, бидејќи насетуваше дека ќе оди во затвор.