ОВЕН
Работа: Денеска Овенот најдобро може со трпение и такт да ја реши комплицираната ситуација на полето на работата, пред се поврзана со новите технички и организациски промени.
Љубов: Не е реално да очекувате некои поголеми промени во текот на овој ден на полето на љубовните врски, важно е јасно да ги искажете своите ставови и да покажете доволно одговорност.
Здравје: Освен психофизички замор, нема значајни предупредувања.
БИК
Работа: Вториот работен ден во неделата на типичниот Бик му носи многу позитивни околности за професионални активности, иако со зголемен ангажман и вклученост на сите енергетски ресурси.
Љубов: Климата е поволна за уживање и препуштање на размена на убави емоции со саканата личност.
Здравје: Одлично.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Малку побавна реализација на полето на деловните активности денеска очекуваат Близнаците, пред се поради бројните обврски.
Љубов: Обидете се да ги ублажите зголемените тензии со трпение и суптилни, а никогаш со остри коментари и критики.
Здравје: Можни флуктуации на крвниот притисок, вели Астропутник.
РАК
Работа: Сите најважни фактори се поставени на вистински начин, околностите се во ваша корист, само обидете се добро да ги испланирате обврските.
Љубов: Прилично поволна атмосфера на љубовен план ќе ве следи практично од почетокот на овој ден на ваше општо задоволство.
Здравје: Без сериозни здравствени предупредувања.
ЛАВ
Работа: За повеќето Лавови овој ден би можел да биде доста напорен бидејќи ви претстојат многу обврски, кои ќе бараат најдобра можна организација.
Љубов: Обидете се да се опуштите и да уживате во вниманието и разбирањето што доаѓа од вашата сакана.
Здравје: Можни помали кардиоваскуларни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Речиси сите професионални обврски и планови во текот на овој работен ден на Девицата можат успешно да се завршат доколку се добро организирани и се движат според приоритетите.
Љубов: Денес од вас се очекува да возвратите за вниманието и разбирањето на вашата сакана.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.
ВАГА
Работа: Доста метеж од деловни обврски, денес може да очекуваат типични претставници на Вага, да се обидете да поставите приоритети и чекор по чекор да започнете со реализација.
Љубов: На љубовниот план ве очекува променливо расположение, па не се препорачува поголема ангажирање. Почекајте поповолен период.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Некои соработници би можеле да ве иритираат со своите постапки и неодговорност, па обидете се да го решите сето тоа што е можно поскоро.
Љубов: Ве очекува одличен ден на љубовен план, имате поддршка и потреба да ја разберете другата страна, а време е да се посветите на некои идни планови и договори.
Здравје: Можни алергиски реакции.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Би било добро да ги расчистите старите, заостанати деловни обврски, за да можете да се свртите кон нови кои можат да ве направат прилично пренатрупани.
Љубов: Уживајте во излегувањето, дружењето со пријателите, не се исклучени ненадејните нови познанства.
Здравје: Одморете се доволно.
ЈАРЕЦ
Работа: Повторно ќе треба да обрнете внимание на ситуации и детали со кои мислевте дека повеќе не треба да се справувате и на кои сте ставиле крај.
Љубов: Не е реално да очекувате големи промени на љубовно поле, сепак забавувајте се малку подетално гледајќи ја вашата љубовна врска.
Здравје: Освен напнатост, нема значајни предупредувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Искористете ја секоја можност за нов договор. Овој период може да биде знак за голем успех. Ви се дава можност да се осамостоите и да започнете приватен бизнис, како и да се дружите со некои ваши пријатели. Бидете ажурни бидејќи тоа што ќе го работите сега зависи од тоа колку ќе ви се исплати во наредните месеци.
Љубов: Ве очекува одличен ден на љубовниот план, за вистински да уживате во пријатни моменти со саканата личност.
Здравје: Можна главоболка.
РИБИ
Работа: Не правете грандиозни планови врз основа на некои договори кои се иницирани, прашање е што ќе испадне на крајот.
Љубов: Препуштете им се на чувствата, но не фантазирајте и не размислувајте премногу за да не паднете во замката на превидот.
Здравје: Можни алергиски реакции.