Британскиот монарх со најдолго владеење отпатува со хеликоптер до својот имот во Норфолк, каде што ќе му се придружат семејството и пријателите. Се очекува таа да остане во викендицата на имотот што особено го сакаше нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.

Објавена е роденденска фотографија на која кралицата е со два понија. Кралицата е голем љубител на коњичките спортови.

Сликата е направена во замокот Виндзор, каде што сега претежно престојува кралицата, со две фел-коњчиња, кои ќе се појават на претстојниот кралски саем за коњи во Виндзор.

Се очекува таа да остане во викендицата, што особено му се допаѓаше на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Таа, инаку, во февруари го прослави и платинестиот јубилеј – 70 години на британскиот престол. Кралицата беше во Сандрингам и кога го одбележа доаѓањето на престолот во 1952 година.

Принцот Хари во интервју за американска телевизија посочи дека кралицата можеби го минимизира овој настан, велејќи дека „по одредена возраст родендените ви здосадуваат“.

Таа е родена во 1926 година, во Лондон на улицата „Брутон“, каде најпрво живеела со нејзиниот татко и мајка си подоцнежните крал Џорџ Шести и кралицата Елизабета. Куќата каде што е родена кралицата е урната 1930-тите.

За споредба, кралицата Викторија и Џорџ Трети живееле до 81-годишна возраст, а сите други англиски или британски владетели живееле под 80 години.

By Author