Џереми Корбин, член на Претставничкиот дом на британскиот парламент, смета дека воените сојузи како НАТО треба да се распуштат за да се обезбеди мир и безбедност на планетата.
Поранешниот лидер на британската Лабуристичка партија изјави за „Тајмс радио“ дека би сакал да го види светот во кој започнува конечното распаѓање на сите воени сојузи.
– Прашањето треба да биде кој е најдобриот начин да се донесе мир во иднина? Дали е тоа преку воспоставување повеќе сојузи, дополнително зајакнување на армијата? Или е крајот на војната во Украина и другите конфликти денес, во кои исто така умираат голем број луѓе? – праша Корбин.
Корбин, кој беше лидер на Лабуристичката партија од 2015 до 2020 година, истакна дека треба да се запраша дали воените сојузи носат мир или меѓусебно се охрабруваат и напредуваат кон поголема опасност, пренесе ТАСС.
Британскиот пратеник нагласи дека „не го обвинува НАТО за настаните во Украина“, но повика на ова прашање да се гледа историски и да се бараат процеси кои би можеле да ја завршат војната.