Пријателство кое престана да постои никогаш не ни постоело

ОВЕН

Работа: Иако секогаш сте подготвени директно да кажете што мислите, денес сепак треба да покажете малку такт и дипломатија.

Љубов: Не е реално да очекувате големи промени на љубовно поле, сепак, малку повеќе забавувајте се гледајќи ја вашата врска.

Здравје: Можна нервоза, стрес.

БИК

Работа: И во текот на овој ден, Биковите ќе мора да се потрудат и да вложат поголема брзина, за успешно да се справат со зголемениот обем на работа што ги очекува.

Љубов: Внимателно анализирајте го однесувањето на саканата личност и обидете се да и угодите што повеќе, ќе ви биде возвратено повеќекратно.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Обидете се да избегнувате соработници кои ви го одвлекуваат вниманието и со кои би можеле да дојдете во конфликт. Држете се до вашиот дел од обврската.

Љубов: Обидете се денес да ги измазнете помалите недоразбирања со саканата личност и сè да свртите во позитивна насока, во насока на љубовта.

Здравје: Намален имунитет.

РАК

Работа: Промените во договорите и плановите можат да ве иритираат, но обидете се да се прилагодите колку што можете повеќе.

Љубов: Романтична средба со личност која сте ја запознале на патување или преку социјалните мрежи може да ве остави со незаборавни впечатоци и да внесе голема страст во вашиот емотивен живот.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ

Работа: Иако ќе се чувствувате под притисок на обврските, тоа е само субјективно искуство, бидете подготвени на се, искористете го целото свое знаење и искуство и не дозволувајте ништо да ве поколеба во вашите намери.

Љубов: Можноста за уживање во флерт, нови познанства со голема доза на страст и добра енергија ќе биде присутна и денеска со слободните Лавови.

Здравје: Зајакнување на имунитетот, можни се настинки и вирусни инфекции.

ДЕВИЦА

Работа: Бидете трпеливи и детални и не брзајте да ги завршувате деловните обврски кои може да бидат од зголемени размери, бидејќи можни се грешки и посериозни пропусти.

Љубов: Искористете ги овие денови за да направите некои фини промени во односот со саканата личност, бидејќи тоа сега е можно.

Здравје: Пад на енергија, исцрпеност.

ВАГА

Работа: Внимавајте на роковите, датумите и се што е поврзано со документацијата, за да не згрешите и да се ставите во неповолна положба справувајќи се со продолжување на истите.

Љубов: Изненадете ја саканата личност со конкретен предлог кој ќе ви донесе задоволство и на двајцата, ќе се задоволите еден со друг, опуштете се и уживајте.

Здравје: Пад на енергија, одморете се доволно.

ШКОРПИЈА

Работа: Завршете сè што имате од документација, за да немате проблем со роковите. И денес можете да очекувате разновидни обврски и многу хаос, но ќе успеете да се справите со се.

Љубов: И денес би можеле да бидете напнати и нервозни, што може да влијае на љубовната сфера. Работете малку на самоконтрола.

Здравје: Нервоза, напнатост.

СТРЕЛЕЦ

Работа: И овој вторник ве очекуваат многу работа и предизвици, но со вашата флексибилност и брзина ќе успеете да надминете се на задоволителен начин.

Љубов: Иако моментално не сте многу отворени за нови контакти и нови познанства, појавата на една личност, евентуално преку деловниот сегмент, би можела пријатно да ве изненади и да ви го подобри расположението.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ

Работа: Уште еден многу турбулентен ден им претстои на Јарците. Важно е добро да ја канализирате вашата енергија и никогаш да не се откажувате од вашите цели.

Љубов: Можеби денес нема да бидете најдобро расположени за љубовни постапки, најверојатно поради преокупираност со работата, која вашата драга личност треба да ја прифати со доволно разбирање.

Здравје: Се уште се можни проблеми со дишните патишта.

ВОДОЛИЈА

Работа: Искористете ги сите ваши знаења и начини на кои мислите дека проблемите можат да се решат најбрзо и најефикасно, ќе имате поддршка од претпоставените и помош во секој сегмент.

Љубов: Развојот на ситуацијата на вашето љубовно поле денес најмногу ќе зависи од вашиот ангажман, но и од вашето расположение.

Здравје: Проблемите со дишните патишта можат да ви направат помали проблеми.

РИБИ

Работа: Веројатно ритамот ќе биде чекор напред два наназад, но и тоа понекогаш не е лошо да ги проверите вашите планови и нацрти.

Љубов: Дружете се, излезете, бидете активни, на вашиот љубовен хоризонт ќе се појави некој интересен вреден за внимание, пишува Астропутник.

Здравје: Чувствителност на коските и зглобовите.

By Author