Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.

Се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал.
Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.
Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре коекај источните народи било симбол на мирот, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Се верува дека оној кој прв ќе набере цвеќе на овој ден добива право на желба која сигурно ќе му се исполни ако силно верува во тоа. 

By Author