Македонија прогласи уште шест руски дипломати за „персона нон грата“ за прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, соопшти Министерството за надворешни работи на Македонија.
Во соопштението се наведува дека рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздникин бил поканет во Министерството за надворешни работи на Македонија и дека му била врачена вербална нота со која шестмина дипломати од Амбасадата на Руската Федерација се прогласени за „персона нон грата“ во државата.
„Врз основа на добиените информации од надлежните органи, предметните шестмина руски дипломати биле ангажирани во активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во следните пет дена“, се вели во соопштението. .