„Дваесет и два наши брода што превезуваат челик и сончогледово масло се блокирани на украинскиот брег на Црното Море, мораме да ги извадиме од таму“, изјави денеска турскиот министер за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу, пренесува ТАС С.
Турските поморски власти соопштија дека турските бродови продолжуваат да пристапуваат до сите руски пристаништа освен во Азовското Море, објави руската новинска агенција.