Наводно за свадбата биле потрошени огромна сума пари.

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата долгогодишна партнерка Никола Пелц го кажаа судбоносното „да“ на Флорида, во Палм Бич.

Венчавката се одржала на семејниот имот на невестата, а според странските медиуми, Бруклин го зел презимето на сопругата, кое отсега ќе го користи како средно име.

Бруклин и Никола потпишаа предбрачен договор, но не за да го заштитат богатството на славниот фудбалер, туку семејството на Никола, кое е 4 пати поголемо.

Родителите на Бруклин, Дејвид и Викторија Бекам беа фотографирани кога пристигнаа на церемонијата.

На свадбата присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои и тенисерката Серена Вилијамс и актерката Ева Лонгорија.

Богатството на семејството Бекам се проценува на 38 милиони фунти, што е значително помалку од она што го има семејството на актерката. Се проценува дека Нелсон и Клаудија Пелц имаат 1,3 милијарди фунти.

На свадбата наводно биле потрошени неверојатни 3 милиони долари.

By Author