Понекогаш ми се чини дека моите желби ги исполнуваат надругите … Не е важно тоа се убави желби штета е да пропаднат!
ОВЕН
Работа: Лицето со кое соработувате не го испочитувало договорот за временско ограничување. Не осудувајте, туку завршете ја работата заедно.
Љубов: Се обидувате да го натерате партнерот да признае дека вашите сомнежи се основани. Отидовте предалеку со недовербата и сериозно ја загрозувате врската.
Здравје: Добро се чувствувате.
БИК
Работа: Многу зависи од тоа колку работите денес. Не правете грешки сега, туку бидете максимално концентрирани.
Љубов: Дојде до заладување на односите и наместо да се помирите со ситуацијата, смислете решение. Ако не го направите тоа, ќе зажалите.
Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Обидете се да размислувате попозитивно и ако сè не ви се допаѓа, не заборавајте дека тоа е само моменталната ситуација и утре е нов ден.
Љубов: Стабилна ситуација на емотивен план ве тера да размислувате за следниот чекор. Не брзајте, го имате целото време на светот.
Здравје: Поминувајте повеќе време во природа и на чист воздух.
РАК
Работа: Сакате повеќе отколку што можете и на тој начин си ја уништувате вашата репутација. Усогласете ги вашите желби и можности, но денес одморете се од се.
Љубов: Понесени сте од средбата од пред неколку дена и сте во искушение да ја повторите. Нема да погрешите доколку се решите на тој чекор.
Здравје: Проблеми со вратот.
ЛАВ
Работа: Имате впечаток дека можете многу повеќе, но не добивте можност да го покажете својот потенцијал. Ќе го добиете денес.
Љубов: Маѓепсани сте од саканата личност и не сакате да размислувате за ништо друго. Уживајте во денешниот ден, бидете среќни ако сте заљубени.
Здравје: Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Личноста со авторитет ви покажува голема доверба и наклонетост. Обидете се да не ја разочарате. Невработените Девици можат да добијат одлична деловна понуда, која тешко ќе се одбие, поради исклучителни услови. Ќе јо прифатат, секако.
Љубов: Користете го денешниот ден како што се чувствувате. Не размислувајте за тоа што треба, туку за она што го сакате.
Здравје:Проблем со кожата.
Вага
Работа: Се трудите навреме да ги завршите сите обврски и успевате. Затоа, добро одморете се денес. Можно е да се патува што е можно поскоро.
Љубов: Скептични сте кога станува збор за наклонетоста на една личност, но нема причина за тоа. Дајте ѝ шанса да се зближи со вас.
Здравје: Нема промени.
ШКОРПИЈА
Работа: Се што сте направиле досега конечно се исплатеше. Се чувствувате задоволно и не симнувате насмевка од лицето. Направете пауза денес, вие го заслужувате тоа.
Љубов: Личноста која долго време ја освојувате денес може да биде сфатена како помалку интересна. Ја преценивте. Оние кои се во врска денес одлично ќе си поминат.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ќе имате конфликт со личност која ви е близок соработник. Искажете го вашето мислење, но не обидувајте се да го убедите дека сте во право.
Љубов: Саканата личност е со вас без разлика како се чувствувате. Отворениот разговор ќе ви го подобри расположението, но не го планирајте за време на празниците, само кога ќе завршат празниците, разговарајте и само разговарајте.
Здравје: Напнатост.
ЈАРЕЦ
Рсбота: Премногу сте уморни и не можете да го дадете својот допридонос. Ако треба да работите, нека бидат тоа само незаменливите обврски.
Љубов: Наоѓате начин да не ја запоставите саканата личност, иако немате енергија за себе. Партнерот ќе знае да го цени тоа.
Здравје: Потребен ви е одмор и релаксација.
ВОДОЛИЈА
Работа: Од денеска започнува подобар период на деловен план кој би можел да потрае и да ви донесе реализација на некои стари планови.
Љубов: Поволен ден за слободните бидејќи може да се случи интересно познанство. Важно е да се препуштите и да уживате во викендот.
Здравје: Грижете се за грлото и крајниците.
РИБА
Работа: Имате можност да промените се што не сте задоволни. Не чекајте некој да го направи тоа наместо вас, земете ги работите во свои раце и променете ги работите на подобро.
Љубов: Би било добро отворено да му кажете на партнерот што не ви одговара, наместо да го лутите и збунувате. Не дозволувајте конфликтите со роднините да навлезат во вашата врска.
Здравје: Прилагодете ја исхраната.