На 07.04.2022 во полициска станица, со присуство на родител, бил извршен разговор со малолетничка од Скопје поради сомнение дека на 06.04.2022 во основно училиште на подрачје на Скопје одзела паричник со пари од друга малолетничка. Малолетничката го признала делото, а кај друг малолетник биле пронајдени дел од парите, како и паричникот.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР. 

By Author