Овој месец не очекува ретрограден Плутон кој ќе го чувствуваме до октомври, а еве како тоа ќе влијае на нашите животи.
Зборот ретрограден не потсетува на нешто негативно, стагнација, блокади… Ја знаете астролошката приказна за ретроградниот Меркур кој може се да преврти наопаку, но всушност прашањето за ретроградната фаза на планетата е многу посложено. Колку лошо ретроградната фаза ќе влијае на судбината зависи од планетата која што започнала, положбата на другите планети, знакот во кој се наоѓа ретроградната планета и многу други фактори.
Во претходниот период направивме пауза од ретроградните планети, но затоа на 29 април не очекува нова фаза – ретрограден Плутон.
Ова ќе биде период кога ја доведуваме во прашање моќта и контролата во нашите животи. Многу врски ќе се расчистат во деновите на ретроградниот Плутон. Ако некои луѓе се обиделе да манипулираат со вас, сега е време да се ослободите од токсичните луѓе. Оддалечете се и покажете дека вие го контролирате вашиот живот, а не околината.
Ретроградниот Плутон носи „одлепување“, соочување со реалноста, особено кога се во прашање токсичните врски. Многумина ќе сфатат дека се во лоша врска која нема иднина и токму во овој период решаваат да се разделат, но ова може да биде тешка промена. Сепак, на крајот ќе сфатите дека вредело и дека само сте се ослободиле од она што ви донело незадоволство.
Ретроградниот Плутон ќе трае до 8 октомври 2022 година – трае околу 5 месеци секоја година и нема причина за грижа, само да не предупреди како да си ги филтрираме животите.