Независен синдикат на државна администрација излезе со барања за подобрување на работниот статус на пожарникарите,имено во независниот синдикат на државната администрација членуваат над 300 пожарникари од таа причина тие се репрезентативен синдикат за пожарникарите во Македоднија. Овие денови пристапивме со 90 члена од град Скопје и со тоа ја потврдивме нашата репрезентативност, денеска од Центарот за справување со кризи побаравме централизација на оваа служба преку која што ќе биде поефикасен начинот на работа на вработените на ТППЕ и БПЗ на Град Скопје.Разговаравме да оваа служба еднаш засекогаш се реконструира велат од независниот синдикат на државна администрација.

Никој досега не се одважи да ја среди да ја отпочне постапката за реконструкција на противпожарниот систем во РМ денеска од директорот на ЦУК Стојанче Ангелов наидовме на позитивни размислувања во насока на решавање на проблемите, ќе одиме и во дирекцијата за заштита и спасување да оствариме средба со директорот каде ќе ги побараме истите работи.

Побарано е изедначување на бодови,иста вредност на бодот,додаток за бенифиции по основ на ризик кака и итна промена во делот на пензионирањето, пензионирање на 58 годишна возраст е премногу овој каде на тие години е истрошен сметаат од синдикатот.

Последниот чекор доколку не им се прифатат барањата е протестот на улица но се надеват дека нема да дојде до тоа.

By Author