Западот го вознемири видео од Твитер.
Претседателот на Комисијата за надворешни работи и меѓупарламентарна соработка, Олександар Мерезко, објави лажна снимка од гранатирањето на Париз со цел да укаже дека агресија може да и се случи на секоја земја. Сепак, некои погрешно ја разбрале снимката.
На почетокот на видеото позира неименувана девојка, а во позадина е Ајфеловата кула. Одеднаш почнува гранатирањето и настанува паника.
Замислете само ова да се случи во некоја друга европска престолнина“, се вели во соопштението.
Авторот потоа го цитираше претседателот на Украина Володимир Зеленски:
„Ќе се бориме до крај. Дајте ни шанса да преживееме. Затворете го воздушниот простор над Украина или пратете ни воздушни „ловци“. Ако паднеме, ќе паднете и вие“.
„И ние мислевме дека ова никогаш не може да се случи“, рече Мерезко.
„Разбирам што сакавте да кажете со ова видео, но треба да престанете да ширите непотребна паника. Има луѓе кои на почетокот ќе веруваат во се што ќе видат“, напишал еден корисник на Твитер.
„Ова само покажува колку е лесно да се лажират снимки од нападот“, додаде друг.
„Видеото многу ме вознемири. Како некои луѓе да сакаат ова навистина да се случи“, напишал друг.