Бремените жени и доилките до сега беа одбивани за вакцинација затоа што до сега доказ дека може да се вакцинираат има само за Фајзер вакцините,секако во ранливата категорија спаѓаат и хронично болните кои што ќе добијат приоритет при вакцинацијата.
Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој ги работи анализите врз основа на публикациите и упатствата така да сигурно ако има некоја категорија на граѓани ќе бидат внимателни ќе добијат препорака и ќе бидат приоритизирани особено на ваква осетлива група изјави Филипче.
Секој треба да испука барем еден куршум во борбата со Ковид-19 а вакцинацијата е најдобриот избор во оваа војна.До сега околу 25.000 граѓани се веќе вакцинирани утре завршува вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура а од Среда почнува распределбата на останатите вакцини од вакцината Спутник по возрасни групи изјави министерот