Познатата тенисерка реши да донира на организацијата „Спасете ги децата“.
Марија Шарапова решила преку споменатата организација да им помогне на децата на Украина во егзил, по воениот напад на Русија врз таа земја.
И покрај хуманиот гест, многумина уште еднаш ја осудија поранешната тенисерка, како и неодамна кога се огласи за целата ситуација.
Шарапова ја заврши својата тениска кариера, активна е во неколку бизниси и се уште има многу спонзори од кои заработува многу пари, па решила дел од тоа да го проследи во хуманитарни цели.
Заедно со најавата за донацијата, Шарапова ја објави и следнава порака:
-Секој ден сум се повеќе уништена и длабоко тажна од сликите и приказните на семејствата и децата погодени од растечката криза во Украина. Донирам за Итниот фонд Save the Children, организација која неуморно работи на осигурување, храна, вода и лекови за поддршка на оние на кои им е потребна. Ве молам придружете ми се во давање донација. Се молам за мир и ја испраќам мојата љубов и поддршка на сите погодени – напиша Русинката на Инстаграм.
Поради овој потег Русинката добила многу осуди и негативни коментари, како од нејзините сонародници, така и од Украинците кои побарале од неа да ја осуди својата земја и потезите на претседателот Владимир Путин.