Свадба во Рим? Може!

Ако отсекогаш сте сакале венчавка надвор од нашта земја, можеби во Италија, ова е вистинската вест за вас. Можеби во вечниот град или во некој од ридските италијански градови. Замислете само какви фотографии би биле тоа!

Новата кампања на италијанскиот централен регион Лацио на паровите им нуди 2.000 евра да ги однесат токму таму. Добро слушнавте, Италија ќе ви плати да се венчате, на пример, во Рим.

Кампањата беше лансирана за да се зајакне економијата во регионот и да се охрабрат паровите да го преземат овој чекор во времето по короната.

Кампањата, Nel Lazio Con Amore (Во Лацио со љубов), издвои 10 милиони евра за нови парови, пренесува CNN.

Ако вашата апликација е успешна, можете да ги искористите тие пари за сите работи што вклучуваат планирање свадба. Фустан, цвеќиња, шминка, па дури и изнајмување простор каде што би се одржало. А ако ви останат пари, дозволено е да потрошите 700 евра на медениот месец. Единствената финта е што парите треба да ги потрошите со ангажирање фирми од тој регион.

Ако сакате готика, можете да изберете градови како Cerveteri или Tarquinia познати по етрурски (предримски) гробници. Или можете да изберете да се венчате во Витербо, поранешен папски град.

Сите готовински плаќања мора да се извршат помеѓу 14 декември 2021 година и 31 јануари 2023 година во живо, а не преку Интернет.

Мора да приложите „фактура“ (даночно-службена фактура) дека се работи за свадбена услуга, како и доказ за уплата. Се разбира, можете да потрошите повеќе од 2.000 евра – но тоа е максимумот што ќе го добиете назад.

Апликациите се отворени и за Италијанци и за странци, единственото нешто е формуларот што треба да го пополните на италијански.

Формуларите ќе треба да ги пополните на нивната веб-страница, но побрзајте бидејќи кога ќе се достигне границата од 10 милиони, кампањата престанува.

By Author