Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист денеска изјави дека неговата земја нема да влезе во НАТО се додека тој е министер за одбрана, јавува Анадолија.
Хултквист за шведската државна телевизија СВТ изјави дека и во ноември минатата година изјавил дека Шведска никогаш нема да биде членка на НАТО додека тој бил министер за одбрана.
„Сега го имам истото мислење. Сега и јас го кажувам истото, но без да го користам зборот „никогаш“. Ситуацијата во која се најдовме ме научи да не го користам зборот „никогаш“, рече тој.
Тој нагласи дека Шведска не планира членство во НАТО за безбедноста на околните региони.
„Членството на Шведска во НАТО би значело фундаментална промена во безбедносниот концепт. Тоа би влијаело на безбедноста на нашата непосредна околина“, рече Хултквист.