Во текот на вчерашниот ден во 17:30 часот на Граничен премин Блаце при влез во РСМ од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него биле пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис.
Како што информираат од МВР Лицето е предадено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка, и по целосно документирање на случајот против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.