Украинците на единаесеттиот ден од војната рекоа дека Русите не пуштаат цивили да избегаат од воените зони, Русите тврдат дека денеска ќе бидат отворени неколку хуманитарни коридори. Во очекување на нови преговори.
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук изјави дека рускиот предлог за евакуација на цивили од Киев, Мариупол и Харков не е прифатлива опција бидејќи води кон Русија и Белорусија.
Наместо тоа, таа предлага евакуација низ Лавов и западна Украина.