Министерот за економија Крешим Бектеши уверува дека нема потреба од паника, има гориво народот да не чека во колони по бензинските пумпи.

Бектеши дополни и  дека ограничувањата на некои пумпи кои не дозволуваат полнење на канти и туби со гориво, се спротивни на законот, но повтори дека нема потреба од паника и гужви за полнење гориво.

На азиските берзи денеска пораснаа цените на акциите, бидејќи инвеститорите се охрабрија од закрепнувањето на Волстрит. Цената на нафтата за барел, на лондонскиот пазар, по повеќе од седум години, надмина 115 долари.

За барел, цената на лондонскиот пазар порасна за 3.09 отсто, на 116.42 долари. Во еден момент достигна и 118.22 долари, нов највисок рекорд за повеќе од седум години.

Цената на нафтата продолжи да расте брзо, со оглед на тоа што трговците стравуваат дека идните месеци ќе падне испораката на „црното злато“ од Русија, поради санкциите од Западот, како и повлекувањето на западните нафтени компании од оваа држава.

By Author