Токиското студио „Klein Dytham Architecture“, го дизајнира „ПокоПоко“ како клуб во центарот за активности опкружен со шума, во близина на хотелот Risonare Nasu во рурална Јапонија

Конструиран во градот Насу, сместен во сенка на планинскиот вулкан кој го носи името на градот, хотелот и клубската куќа се измеѓу два веќе постоечки сместувачки блока.

„Концептот се засноваше на создавање зграда од бајките во срцето на шумата. Сакавме објектот да се издигне и да стане икона на шумата, како и обележје на хотелот, што ќе биде видливо од голема далечина “, објаснуваат архитектите.

Лоциран на патеката што ги поврзува двете локации на хотелот, ПокоПоко се состои од три поврзани дрвени прегради, што му даваат интересна силуета. „Клупската куќа го доби својот облик од јапонскиот збор поко-поко, кој е ономатопејски“, велат архитектите.

Новата зграда ќе им биде достапна на гостите во хотелот како центар за разни активности и простор за релаксација – секој од трите оддели има своја посебна функција, додека централниот е посветен на готвење и јадење. Тука, гостите со своите деца можат да учествуваат во разни работилници и да ги научат јапонските тајни на совршен џем.

Покрај централната купола, има уште две, помали, едната е посветена на деца, а другата на возрасни. Во централниот дел на детската област има бела мрежа за качување, опкружена со јама со топки. Делот за возрасни е центриран околу огништето опкружено со модуларни зелени софи создадени од истото архитектонско студио, со тоа што двата дела се отвораат на прекрасна тераса, каде што има дополнителен простор за седење покрај јамата за камперски оган.

Кровната конструкција на објектот е изградена од бор. „Локалното дрво беше природен избор за овој дел на рурална Јапонија. Ние работевме со водечка компанија „Шелтер“ за да ја создадеме оваа навистина уникатна структура “, заклучуваат архитектите.

By Admin