За време на традиционалниот говор за состојбата на нацијата, американскиот претседател Џозеф Бајден направи грешка. Во еден дел од обраќањето тој народот на Украина наместо Украинци го нарече „ирански народ“. Ова не е прв и не е единствен гаф на председателот на САД.

„Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ“, рече Бајден.

„Никогаш, никогаш нема да ја згасне нивната љубов кон слободата“, продолжи тој пред некој да извика од толпата, проследен со силен аплауз.

Бајден додаде дека Путин никогаш нема да ја ослаби решителноста на слободниот свет, пренесува Индипендент.

Во еден момент камерата го сними изразот на лицето на американската потпретседателка Камала Харис, која голта кнедли и му шепоти на Бајден дека треба да каже „Украински народ“.

https://twitter.com/PEngMiami/status/1498942757947248644?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498942757947248644%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Firanci-bajden-napravio-gaf-zbog-kog-je-kamila-haris-gutala-knedle-video%2F

За овој говор коментираше и републиканскиот конгресмен Томас Маси.

„Дали некој зборува Бајден? Можете ли да ми го преведете ова?“, рече тој.

Без разлика дали се работи за гаф, пелтечење или географска конфузија, Бајден се соочи со прашања за неговата „ментална претпазливост потребна за ефикасно извршување на неговите должности“.

By Author