Рускиот претседател Владимир Путин нареди, како одмаздничка мерка против економските санкции воведени на Москва од Западот, од утре да се воведе забрана за заеми во странска валута и трансфер на пари на руски државјани надвор од Русија, соопшти денеска Кремљ. Путин, исто така, потпиша закон со кој им наредува на извозните компании да продаваат 80 отсто од својата девизна заработка на светскиот пазар од 1 јануари оваа година, објави Ројтерс.
Извозните компании се обврзани да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Ова важи и за средствата кои се веќе акумулирани – тие мора да се продадат во рок од три дена.
Девизното работење е забрането со давање девизи од резиденти во корист на нерезиденти според договори за заем.
Резидентите повеќе нема да можат да уплаќаат девизи на нивните сметки отворени во банки и организации во странство, ниту да уплаќаат пари без да отворат банкарска сметка користејќи електронски платежни средства достапни за странските даватели на платежни услуги ( мисли на банките).
Дополнително, јавните акционерски друштва ќе можат да ги откупат своите пласирани акции до 31 декември годинава (освен купување на пласирани акции со цел да се намали нивниот вкупен број) под одредени услови.
Во меѓувреме, Британија воведе санкции за уште три руски банки, ВЕБ, “Откритије” банка и Совкомбанка.