Полициски службеници на СВР Тетово вчера (26 февруари) околу 13 часот и 40 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец А.А., поради сомнение дека претходниот ден извршил разбојништво во спортска обложувалница на улица Цветан Димов” во Тетово, во која и се заканил на вработената со тврд предмет и одзел пари.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок

Вчера (26 февруари) околу 12 часот и 20 минути, на улица “Илинденска” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 21-годишниот гостиварец А.Т., поради сомнение дека дента извршил тешка кражба во трговски објект, лоциран на истата адреса, од кој противправно одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Соопштуваат од МВР.

By Author