Државната гранична служба на Украина информира дека поради воведување на вонредна состојба во Украина, привремено е ограничено заминувањето на одредена категорија граѓани од Украина.

Ова го соопшти Државната гранична служба, пишува Daililviv.com

„Поточно, забрането е на украински државјани на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат Украина. Ова е сегашната норма за периодот на вонредна состојба“, се вели во пораката.

Да потсетиме, претседателот на Украина, Владимир Зеленски денеска ги повика сите граѓани на Украина со воено искуство да се пријават во резервистите, за да и помогнат на земјата.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин рано вчера објави дека Русија започнува „специјализирана воена операција“ во Украина, чија цел е демилитаризација на земјата.

By Author