Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj со КОВИД-19, 6 починати и 910 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се шест починати лица од кои две од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени четири починати лица
Од вкупниот број на починати лица, кај седум лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања на КОВИД-19. Моменталниот број на активни случаи изнесува 5.162 лица.