На денешната прес-конференција д-р Злате Мехмедовиќ изјави дека Комисијата за заразни болести денес предложила две мерки до министерот за здравство кои треба да се проследат до Владата. Една од мерките е за укинувањето на задолжително поседување на ПЦР или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјава.
-Тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да поседувате ПЦР тест или сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да ви се бара туку напротив, дека при излез од земјава на онаа мерка која што беше донесена минатата година дека треба да ги поседувате и да ги покажете на нашата граница, таквата мерка се укинува, рече Мехмедовиќ.
Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени предложи Комисијата за заразни болести.
Овие две мерки денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, кој посочи дека нив ги донела Комисијата денеска на состанок и ги доставила до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата.
Одговарајќи на новинарски прашања истакна дека за бремените жени досега беше мерката оти може да бидат ослободени од работа, но таа се укинува согласно препораките од релевантна институција и од примерите од светот во кои се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.
– Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, додаде д-р Мехмедовиќ.