Бремената Ријана се фотографираше во опуштено издание со своето момче, раперот АСАП Роки, со кој чека бебе.
Пејачката и раперот во саботата навечер биле видени како одат на романтична вечера во ресторанот Карбон во Њујорк.
Папараците ги фотографирале додека влегувале во ресторанот.
Ријана беше во фармерки, облечена во лежерен дуксер и кафена јакна, додека Роки носеше слична, само бела комбинација.
Извор за магазинот наведува дека Роки иако однадвор не изгледа така, е неверојатно романтичен и дека секој ден целосно и се посветува на пејачката.
Тој и праќа цвеќиња и чоколади речиси секој ден кога не се заедно“, рекол изворот.
“Така е од првиот ден. На Ријана и се допаѓа бидејќи знаат да се забавуваат заедно, многу се опуштени, сакаат да патуваат, уживаат во иста храна. Само што се најдоа”, додал изворот.