Иако првите извештаи сугерираа дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон поминал во пријателски тон, информациите на Ројтерс укажуваат дека имало конфликт меѓу двајцата лидери.
Макрон изрази загриженост поради апсењето на руските војници во Белорусија. Планот беше руската армија денеска да ја напушти земјата, бидејќи завршија заедничките воени вежби. Сепак, Русија и Белорусија постигнаа договор да ги задржат трупите, што доведе до силна реакција од Западот.
НАТО и САД сметаат дека ова е потег кој докажува дека Русија е подготвена да нападне во наредните денови, што Макрон му го кажал на Путин во разговорот. Сепак, Путин го увери својот француски колега дека војниците наскоро ќе ја напуштат Белорусија.
Ројтерс наведува и дека двајцата лидери не се договориле кој е одговорен за тензиите во источна Украина. Макрон ги обвини руските сепаратисти, а Путин ја обвини Украина.
Сепак, тие се согласија дека е неопходно во наредните часови да се организира состанок на работната група, со цел да се постигне примирје на линијата за контакт во Украина, соопшти Елисејската палата.
Се наведува дека Путин и Макрон „се обврзале да ги преземат сите корисни активности со цел да се избегне ескалација, да се намалат ризиците и да се зачува мирот“.