Украинскиот војник Денис Кононенко загина вчера во Донбас по сепаратистички напад од самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.

Украинските медиуми јавуваат дека се работи за 34-годишен војник, кој ќе биде погребан со највисоки воени почести.

Името на убиениот војник го соопшти шефот на регионалната државна управа на Виница, Сергеј Борзов.

„Денеска, за време на гранатирањето во зоната на операциите на сојузниците, претрпевме голема загуба. Лекарите не успеаја да го спасат војникот Денис Кононенко“, напиша Борзов на Фејсбук.

Според него, Кононенко бил возач на моторизирана пешадиска чета.

При минофрлањето кое се случило околу 12.40 часот се здобил со повреди кои завршиле со смртен исход.

Тензиите во оваа област продолжуваат и денеска, кога се забележани нови напади и престрелки. Според челниците на Народноослободителната војска, по упадот на украинските сили загинале двајца цивили.

By Author